ТНТ не се враќа на почеток се додека Судскиот совет не констатира пензионирање на поротничката

Судскиот совет денеска донел одлука дека на некоја од следните седници ќе констатира пензионирање на поротничката Лилјана Ивановска Кочковска.

Ова значи дека пензионирањето на поротничката Кочковска која е дел од судечкиот состав во случајот ТНТ нема да го врати од почеток судењето, кое се одвива со забрзано темпо во изминатите денови.

-Денес во 11,02 часот од страна на претседателот на Основен кривичен суд Скопје е доставен допис со  кој бара на судиите поротници да им биде продолжен мандатот од аспект на исклучителниот јавен интерес а во правец на обезбедување на владеење на правото, но доколку Судскиот совет не одлучи за продолжување на мандатот да отпочне постапка за престанок на функцијата судија поротник.

Согласно член 80 став 1 точка 5 од Законот за судовите е предвидено дека  на судија поротник му престанува функцијата  со навршување на 60 години старост. Согласно член 53 став 2 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија е предвидено дека Советот престанокот со решение го констатира на првата наредна седница

Судскиот совет одржа работен состанок и имајќи ги предвид наведените законски одредби  донесе заклучок согласно кој престанок на функцијата судија поротник на наведените судии поротници во Основниот кривичен суд Скопје ќе констатира на првата наредна седница, пишува во соопштението на Судски совет.

Денешното рочиште за ТНТ беше одложено за утре поради отсуство на обвинетиот Тони Трајковски, кој бил нападнат и со повреди на главата заврши на Ургентен.

Треба да знаете
Последни објави