Основниот суд во Целје го осуди на условна казна од 10 месеци затвор, поранешниот директор на термоелектраната „Шоштањ” Урош Ротник. Судијата го прогласи за виновен поради малверзација со имотни документи со цел да ја отежне работата на финансиската полиција, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Обвинителството бараше ефективна затворска казна од 18 месеци. Обвинителот Матеј Оштир кажа дека тие не се задоволни од пресудата и поради тоа ќе поднесат жалба. Тој смета дека поранешниот директор за делото кое го направил треба да добие затворска казна, а условната која ја изрече судот не било вистинска порака до јавноста која барала правда.
Инаку, ова е само една од повеќето тужби против поранешното раководство на термоелектраната „Шоштаљ”. Токму против Урош Ротник има судски процес за затајување на данок.