“Ich liebe dich”: Новосадските “Фрајле“ се распаѓаат, Марија веќе замина од групата

Одлуката на Марија Мирковиќ (таа што свири на гитара) е дефинитивна, таа ги напушти своите колешки после 12 години заедничка работа, со кои постигна големи музички успеси од Вардар, па до Триглав. Само во Скопје “Фрајле“ имаат одржано над десетина незаборавни големи концерти, а нивниот најголем хит е секако песната “Ich liebe dich“

Мегапопуларната новосадска група “Фрајле“ е пред распаѓање. Оваа лоша вест во годината на коронавирусот, во која и онака има многу малку убави вести, соопштена е од пред некој ден и официјално од членките на групата. Но за среќа во несреќа, од “Фрајле“ заминува засега барем, само една од членките, а тоа е Марија Мирковиќ.

-M

Марија

Фановите на овој квартет се разочарани, упатуваат поплаки на нивна адреса дека доколку продолжат како тројка нема тоа веќе да биде тоа. Тие само како женска четворка се стекнаа со огромна популарност, сè другото ќе им биде сечено-лепено. Како и да е, одлуката на Марија е дефинитивна, таа ги напушти своите колешки после 12 години заедничка работа, со кои постигна големи музички успеси од Вардар, па до Триглав. Во недостатокот на естрадни настапи и турнеи… и во недостаток на финансиска заработувачка, Марија си најде работа по својата струка, а се шушка дека можеби по нејзините стапки ќе тргне и русокосата Наташа Михајловиќ, која е професорка по француски јазик.

Така што остануваат само сестрите Јелена и Невена Буча, а дали навистина ќе останат “Фрајле“ во живот, ќе покаже времето. И да останат, концерти во живо немаат, а од досегашните свои виртуелни онлајн настапи не видоа некоја мотивација. Многу важна работа е што девојките истакнуваат дека меѓу нив нема ни трошка од некаква расправија. Таквите информации веќе се пласираат во одреден број на медиуми, а нив членките ги демантираат.

– Воопшто не сме скарани, ние си остануваме добри другарки, но секој има право на свој избор, па и изборот на Марија е да замине од групата, да продолжи по некој свој пат. Ние и посакуваме многу среќа, многу успех, а ако даде господ можеби пак ќе се споиме, никогаш не се знае. Животот пишува приказни, порачуваат атрактивните музичарки, кои велигденските и првомајските празници ќе ги поминат фамилијарно во својот град Нови Сад.

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави