Во Атлетико Мадрид се катеорични дека ќе го земат играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, според Џанлука Ди Марцио. Италијанскиот медиум на трансфер гуруто тврди дека Србинот е голема цел за мадридскиот тим.
Српскиот репрезентативец совршено се вклопува во средниот ред на Атлетико, откако серија сличен тип на играчи го напуштија „Ванда Митрополитано” минатата година. За 31-годишниот фудбалер остануваат само 18 месеци од неговиот договор, а менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер нема намера да го остави на „Олд Трафорд”.
Италијански Интер е исто така заинтересиран за Матиќ, откако Антонио Конте сака да го види во своите редови. Двајцата работеа заедно во Челзи.