Штрајкот против пензиската реформа во Франција продолжи и денеска, 19-ти ден по ред, откако накратко беше блокиран сообраќајот на линијата 1 од париското метро – една од двете автоматски линии, јави дописникот на МИА од Франција.
Штрајкувачите најавија дека нема да се откажат дури и за време на Божиќните празници, така што јавниот сообраќај се уште е значително нарушен.
Во Франција, околу 40 проценти од брзите возови (ТГВ) и само 20 проценти од приградските возови околу Париз работат во моментот.
– Правото на штрајк, не е право на инвазија, блокирање, заплашување на патниците, реагираше министерката за еколошка транзиција, Елизабет Борн.
-Секојдневниот живот на оние што треба да се движат е веќе доволно тежок за да се подложат на такви неприфатливи акции, кои ги осудувам, додаде таа на својот профил на Твитер.
Ситуацијата нема да се подобри дури и утре на Бадник, кога железничкиот сообраќај постепено ќе престанува со работа во областа на Париз од 18.00 до среда попладне, на Божик.