По седум часа усвоен дневниот ред, Собранието ја почна расправата

По речиси седум часа, Собранието вечерва го усвои дневниот ред од 126. седница која, според последното ажурирање, има 125 точки.

Расправата почна со Предлог-декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, поднесена од група пратеници.

-Ќе бидеме меѓу првите земји во светот кои усвојуваат ваква Декларација, рече Фросина Ременски, еден од предлагачите.

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Ременски зошто министерката Царовска три години не е дојдена на собраниската Комисија за труд и социјална политика и колку од она што е запишано во програмата на СДСМ за лицата со попреченост, досега е реализирано.

Ременски одговори дека и е жал што Ѓорчев сака носењето на Декларацијата да го сведе на дневна политика.

Пред пратениците се уште 124 предлог-законски решенија од кои некои треба да се донесат по скратена постапка.

Треба да знаете
Последни објави