На рускиот Далечен исток, кај Комсомолск на Амур, се урна ловец „Т-50″ ( Су-57), соопшти администрацијата на Хаберскиот округ, пренесоа руските медиуми.
Авионот се уште не и припаѓал на руската војска, туку бил тестиран од локалната фабрика „Гагарин”, која ги произведува овие авиони.
Инцидентот се случил на 120 километри од аердормот „Џомги”, во текот на тестирањата.
Пилотот успеал да се катапултира, а потоа бил собран од хеликоптер „Ми-8″. Засега останува непозната здравствената состојба на пилотот.
Стручњаците наведуваат дека црните кутии треба да ја откријат причината за падот на авионот, а засега се претспоставува дека станува збор за дефект на леталото или грешка на пилотот.
Авионот „Су-57″ е руски ловец од петтата генерација.
Првиот лет на овој авион бил изведне во 2010 година. Руското Министерство з аодбрана има нарачано 76 вакви ловци.