(Видео) Свештеници се собраа пред црногорското Собрание против предлог законот за вероисповед

Свештеници и монаси предводени од митрополитот Амфилохие и владиката Јоаники и Методи се собраа пред Собранието на Црна Гора, каде на дневен ред е владиниот предлог закон за вероисповед.

Владиката Методиј прочита проглас на Светивасилиевскиот сабор, кој беше одржан во Никшиќ. Пред зградата на Собранието поставени се заштитни огради, а присутни се и полициски сили. Насобрабите свештеници пејат молитви.

Како што е најавено, во 10 часот ќе биде одржана и Света литургија во храмот на Христовото воскресение.
На насобраните свештеници им се обрати митрополитот црногорско-приморски Амфилохие.

„Во името божјо е судот и правдата, а тоа го пишува и на транспарентите што ги носат монахињите. Нашите сестри ја носат оваа порака. Тие ја вградуваат својата младост во обновата на светост и душа. Оваа голема вистина ни сведочи и нам и на овој парламент, дека само тие се закон кој се темели на оваа голема вистина. На оваа вистина е втемелено и законодавството на Црна Гора“ порача Амфилохие.

Треба да знаете
Последни објави