Украинското Министерство за надворешни работи изрази протест до Русија заради, како што наведува во соопштението, недоговорената посета на рускиот претседател Владимир Путин на Крим и отворањето за сообраќај на железничкиот дел од таканаречениот „Кримски мост”.
Украина смета дека Путин ја посетил привремено окупираната Автономна Република Крим и за сообраќај отворил мост низ Керчанскиот теснец, кој, се додава во соопштението, руската страна го изградила без согласноста на Украина, грубо кршејќи го меѓународото право, вклучувајќи ја и Конвенцијата на ОН за поморско право.
Украина наведува дека посетата на руски официјални претставници на Крим, изградба на мост, како и која било друга акција, ни на кој начин не можат да го сменат статусот на Автономната Република Крим и градот Севатопољ, како составен дел на територијата на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.
„Ни Украина, како што ни една цивилизирана земја на светот, не ги признава обидите на Кремљ за легитимација на анексијата на дел од суверената територија на Украина” се наведува во соопштението.
Путин вчера го пушти во употреба железничкиот мост меѓу Русија и Крим.