Мароканец на возраст од 28 години бил спречен во обидот да киднапира двегодишно девојче на улица во Монца, соопшти денеска италијанската полиција.
Мажот, наводно, се обидел да го задуши дедото на девојчето кој ја туркал количката и да го грабне детето, но бил спречен од случаен минувач, кој го соборил на земја и го држел додека не пристигнала полиција, јави агенцијата „Анаса“.
Мароканецот е уапсен за обид за убиство и киднапирање и е задржан во локалниот затвор.