Венеција повторно под вода

Во Венеција денеска плимата достигна 139 сантиметри, а околу половина од градот повторно е под вода.

Градот е погоден од нов бран поплави, само неколку дена откако овој истриски град во Италија заради високиот водостој претрпе огромна материјална штета.

Потенцијално критичната плима од 159 сантиметри беше предвидена за вчера, но ја спречи јужниот ветер од Јадранот, пренесе Анса.

Нивото од 100 до 200 сантиметри над нивото на морето е честа појава во градот, но секоја вода над оваа граница претставува ризик  за него.

Кон средината на ноември нивото на водата достигна 187 сантиметри, што беше најголемо измерено ниво  во последниот половина век во Венеција.

Градоначалникот на Венеција изјави дека се оштетени куќи, продавници и историски споменици и дека штетата се проценува на околу милијарда долари.

Треба да знаете
Последни објави