Агенцијата за борба против корупцијата на Република Србија препорача разрешување на Милан Кркобабиќ од местото министер без ресор задолжен за јавните претпријатија во српската Влада, бидејќи за време на вршење на функцијата учествувал во донесувањето на одлука на Владата со која неговиот син Стефан Кркобабиќ е назначи за в.д. директор на ЈП Стара Планина.
Како што е наведено во Одлуката, министерот не ја известил Агенцијата за конфликт на интереси што го имал во таа ситуација, иако според законот бил должен да го стори тоа. Против оваа одлука министерот Милан Кркобабиќ има право на жалба.
Како што откри истражувачкиот тим на новинари на Инсајдер.нет, на седница на Владата на Србија на 30 мај, Стефан Кркобабиќ е именуван за в.д. директор на Јавното претпријатие за развој на планинскиот туризам „Стара Планина”. Логично се поставило прашањето за можен судир на интереси, затоа што неговиот татко Милан Кркобабиќ е министер во Владата, задолжен за координација на работата на јавните претпријатија, објави Инсајдер.
Откако оваа информација беше објавена во медиумите, Агенцијата за борба против корупцијата покрена постапка против Милан Кркобабиќ. Како што е наведено во првостепената одлука на Агенцијата, тој изјавил дека бил присутен на седницата на Владата на која е одлучено именувањето на неговиот син, како и дека немало оправдани причини за неговото отсуство, што, како што претходно го има наведено, се службени патувања, болести и слично. Антикорупциската агенција заклучила дека Стефан Кркобабиќ во однос на Милан Кркобабиќ има својство на поврзано лице.
-Ситуацијата во која министерот Милан Кркобабиќ учествувал во донесувањето одлуки на седница на Владата назначувајќи го неговиот син Стефан Кркобабиќ за в.д. директор на јавното претпријатие Стара Планина претставува судир на интереси во смисла на Законот за Агенцијата за спречување на корупција, во кој Кркобабиќ јавниот интерес го подредил на приватната и јавната функција за да добие корист за сродното лице, со што се загрозува довербата на граѓаните за совесно и одговорно извршување на јавна функција, што е спротивно на одредбите од Законот, се наведува во Одлуката на Агенцијата.
Агенцијата наведува и дека изрекувањето мерка на јавно објавување на препорака за разрешување од јавна функција е единствената соодветна мерка во овој случај.
Министерот Милан Кркобабиќ е претседател на Партијата на обединети пензионери, која е во коалиција со владејачката Српска напредна партија (СНС), а неговиот татко, основач на партијата, Јован Кркобабиќ исто така беше министер во владите на Александар Вучиќ.