Споредено со истиот период минатата година, бројот на боледувањата е тројно зголемен меѓу возачите на метрото, според информациите објавени од весникот Паризиен и потврдени од РАТП, јавува дописникот на МИА.
На дваесеттиот ден од штрајкот против пензиската реформа, корисниците на РАТП се уморни. И тие очигледно не се сами. Според информациите весникот Паризиен и потврдени од РАТП за Ле Фигаро, бројот на боледувањата меѓу 3.000 возачи на париското метро е помножен со три меѓу првата половина на декември 2018 година и оној од оваа година.
Помеѓу 10 и 16 декември 2018 година, имало 141 боледување дневно. Во 2019 година, овој број е 446. На втората недела на штрајк, зголемувањето е дури 321%. На 15-тиот ден од штрајкот, во четврток 19 декември, беа преброени 646 боледувања … или скоро 20% од работната сила.
Ист е случајот и кај 850 возачи на RER (возовите од Паеиз до предградијат): боледувањата исто така се зголемија за повеќе од 300%. Конечно, меѓу 15.000 машинисти на транспортерот Ил Де Франс, се забележува зголемување на бројот на боледувања за повеќе од 170%.
РАТП ги потврдува бројките н, но не сака да зборува на оваа тема. Што се однесува до синдикалците, тие го осудуваат „ловот на вештерки”. Според претставник интервјуиран од РТЛ утрово, „незадоволните патници, притисокот на штрајкувачите врз не-штрајкувачите и тешкотијата при работењето во тешкиот сообраќај”психолошки тежат врз вработените.
-Не можам да ги коментирам овие информации. Ние немаме пристап до стапките на штрајк, ниту до декларации за боледувања. За разлика од СНЦФ, дирекцијата на на РАТП практикува молчење, коментира Бертранд Хамаш од ЦЖТ-РАТП.
Сепак, според информациите од Паризиен, направени се проверки за да се утврди дали овие боледувања не ги доставувале истите лекари. Сепак, тие се покажаа негативни. Следејќи ги овие информации, РАТП одлучи да го заостри мониторингот на болните вработени. Од 380-те контроли, 90 беа суспендирани од надомест за боледување. Во поголемиот дел од овие случаи, санкцијата е оправдана со отсуството на пациентот во неговиот дом за време на посетата на контролниот лекар.