Кина ги повика денеска САД итно да преземат конкретни чекори за применување на договорот постигнат со Северна Кореја во текот на минатогодишниот самит во Сингапур.
– Ги охрабруваме Северна Кореја и САД да изработат остварлив патоказ за воспоставување траен мировен режим и да доведат до реализација на комплетна денуклеаризација на Полуостровот, изјави шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.
На почетокот на месецов севернокорејски функционери предупредија на можен „божиќен подарок”, нагласувајќи дека на администрацијата на Трамп и истекува времето за спасување на нуклеарните преговори, а Вашингтон треба да избере каков „божиќен подарок” сака да добие од Пјонгјанг.