Многу институции и објекти во Москва и вчера беа цел на лажни дојави за подметнати бомби.
Пријавените дојави за поставени бомби на аеродромите во Москва „Шереметјево” и „Домодедово” беа лажни, соопштија синоќа безбедносните власти по проверката.
Според Тасс, полицијата и единиците за кучиња внимателно извршиле увид во просториите на двата аеродрома и немало евакуација.
И двата аеродрома добија додојави за бомби пет дена во текот на изминатата недела, но во сите случаи заканите се покажаа лажни.
Дојави за бомби вчера примија и седум метро станици во Москва, 11 судови, повеќе од 15 училишта и градинки, како и две згради на Московскиот државен универзитет за лингвистика, Рускиот државен универзитет за земјоделство Тимирјазав и московскиот Државен универзитет за психологија и едукација.
Бранот дојави за бомби почна во Москва, Санкт Петербург и други руски региони на крајот на ноември и сите закани досега беа лажни.