Ед Ширан објави дека ќе направи пауза од работата и социјалните медиуми „сè додека не дојде време да се врати“.
Пејачот-текстописец од врвот на топлистите изјави дека „ќе земе малку здив за да патува, да пишува и чита“ и дека ќе се врати со нова музика „кога ќе дојде време“.
Ширан вели дека работел нон стоп од 2007 година и дека е „време да се прошета и да види повеќе од светот“.
Тој вети дека ќе се врати кога ќе има за што да пишува.
Профилната слика на неговиот Инстаграм е променета во црно-бела позадина со порака BRB – скратено од “be right back” (се враќам брзо).
Објавата доаѓа по уште една година успех, што кулминираше со тоа што тој беше прогласен за британски уметник на декадата од страна на официјална компанија што ги составува топлистите во Велика Британија.
Минатата недела тој објави видеоспот за хитот Put It All On Me, а на спотот тој танцува во кујна со неговата сопруга Чери Сиборн.