Божиќна порака на папата Франциско: Господ ги сака сите луѓе, дури и оние најлошите

Папата Франциско им порача на верниците на Бадник, кој се прославува по Грегоријанскиот календар, дека Бог ги сака сите, дури и најлошите луѓе. Придружуван од хор, папата во Ватикан откри статуа со сцената на раѓањето на Исус, велејќи дека тоа е е потсетник за безусловната божја љубов.

За време на Божиќната миса во базиликата „Свети Петар“, тој разговараше со илјадници луѓе.

„Можеби имате погрешни идеи, можеби сте направиле целосен хаос, но Господ сепак ве сака“, рече папата Франциско. Во исто време, тој ги повика верниците да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите.

„Да не чекаме нашите соседи да бидат добри пред ние да направиме нешто добро за нив, црквата да биде совршена за да ја сакаме, другите да нè почитуваат пред да ги почитуваме ние нив. Да почнеме од себеси“, истакна папата.

Треба да знаете
Последни објави