Ед Ширан и Џастин Бибер се број еден со нивниот сингл I Don’t Care. Возбудливата поп-песна собра 123.825 комбинирани продажби, откако беше преземена 22.000 пати и проследена 13 милиони пати, соопшти Official Charts, британска професионална организација што составува официјални топлисти на синглови, албуми, музички спотови, преземања од интернет итн. во Велика Британија.
Сепак, дуото не успеа да го собори рекордот на Ариана Гранде за најпродаваниот сингл на годината.
Нејзината песна 7 Rings забележа 126.240 комбинирани продажби кога беше објавена во јануари.
Ширан и Бибер може да забележат зголемување на продажбата следната недела, по објавувањето на ново видео во кое Ширан танцува во фустан и пее со фен за коса во раката а Бибер е облечен како корнет за сладолед.
Ова е нивни прв дует, а Ширан претходно го напиша хитот број еден на Бибер, Love Yourself.