Индонезијците сурфаат за да ја надминат траумата од цунамито пред 15 години

Сè повеќе Индонезијци сурфаат на брановите за да се справат со траумата предизвикана од разорното цунами пред точно 15 години, кога загинаа повеќе од 220.000 луѓе.

Родниот град на Дери Сетијаван е речиси целосно уништен од цунамито, но сепак тој сурфа за да ја надмине трагедијата.

„Сурфањето е најдобриот лек за мојата траума од цунами. Кога сум на брановите, сите мои стравови исчезнуваат, можам да го прифатам минатото“, рече тој за АФП.

По несреќата, преживеаните жители се плашеле од вода.

„Само ќе погледневме во брановите за да видиме дали нивото на водата се спуштило“, вели тој.

По првата годишнина од трагедијата, Сетијаван решил да се соочи со своите стравови.

„Брановите од плажата се наши пријатели, оние што ги убија нашите пријатели се од длабокиот океан. Затоа, се убедив за прв пат повторно да влезам во морето“, се сеќава тој.

Сега Сетијаван е професионален сурфер и се натпреварува на домашни и меѓународни натпревари, исто така основаше локален сурферски клуб и има ресторан на плажа.

Треба да знаете
Последни објави