Градоначалникот Филип Темелковски од свое име и во име на Општина Кисела Вода на сите верници, кои по Грегоријанскиот календар го слават Христовото раѓање – Божиќ им го честита овој голем ден и им посакува многу среќа, здравје, радост и љубов во животот.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово” присуствуваше на божиќната миса, предводена од бискупот Киро Стојанов.
По повод Божиќ, градоначалникот Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината Шимиќ, вчера го посети католичкиот манастир на Сестрите мисионерки на љубовта. Темелковски и Шимиќ на децата кои живеат во манастирот во Кисела Вода им поделија новогодишни пакетчиња.