Тодоров: Спортски гледано Естонија ни е шанса за пласман на ЕП, од неспортски аспект тоа е суспензија на Русија

Новоизбраниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров кажа каде ги гледа двете шанси за учество на Европското првенство во 2021 година.

– Кошаркарски, спортски гледано шансата е Естонија, додека неспортски гледано е Русија да не добие право за настап да директно да одиме на ЕП, но знаејќи колку јас имам среќа тоа нема да се случи, што значи ќе мора преку натпревари да ја оствариме целта. Сепак не значи дека ќе биде доволно подобар биланс со Естонија во двата меѓусебни дуела, бидејќи можни се изненадувања и на средбите со другите два противника, рече Тодоров на денешната промоција во нов селектор.

Македонската репрезентација, покрај Русија и Естонија, за противник во квалификациската група ќе ја има и Италија. Италијанците како ко-домаќини имаат обезбедено директно учество на евро-шампионатот.

Треба да знаете
Последни објави