Безбедносни камери поставени на улица во Рио де Жанеиро, на 19. декември регистрирале несекојдневна сцена од спасување на дете од напад на питбул.
Херој на целата приказна е таткото на момчето, пренесува „Дејли Меил“.
https://youtu.be/-979Z66jMSY
Како што се гледа на снимката, кучето го нападнало детето и почнало да го гризе за нозете и рацете. На четиригодишното момче најпрво се обидела да му погне дадилката, но безуспешно. Потоа на помош дошол херојот во приказната, неговиот татко, кој не успеа веднаш да го одвои детето од кучето, но незапирливо се бореше.
Дури и кога во еден момент таткото го извлече својот син од дофатот на кучето, питбулот не запре со нападите и го следеше во секој чекор.
Храбриот татко тогаш успеа да го качи детето на покривот до паркиран автомобил и продолжи да се бори со упорното куче.
На крајот, сè заврши добро. Тие почекаа помош, а последиците од нападот за среќа се полесни повреди.