Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски и советниците Тодор Костадиновски и Зоран Ацевски направи увид во работните активности за пошумување на земјиштето покрај патот кој води кон населеното место Теферич.
Општина Кисела Вода пошумувањето на површина од 2000 м2 го врши со цел да спречи повторна ерозија/свлечиште на санираниот пат.
Имено, Општината свлечиштето целосно го санираше овој месец и во должина од 200 метри го асфалтираше патот.
По акцијата за садење багреми, на земјиштето ќе се постави летниковец и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци.