Техеран е подготвен да му помогне на Дамаск во протерувањето на американските сили кои се наоѓаат на сириска територија ако сириските власти му се обратат за помош, соопшти советникот на иранскиот врховен лидер, Али Акбар Велајати.
Во интервју за РТ, Велајати нагласи дека САД ги ограбуваат сириските нафтени полиња, додека американскиот претседател Доналд Трамп се однесува како меѓународен крадец.
Претходно, шефот на Пентагон, Марк Еспер, изјави дека САД ќе останат во Сирија до целосен пораз на терористичката Исламска држава.