Мојсовски: Спортистите добиваат услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, ја исправаме децениската неправда кон спортистите

Нова мерка на СДСМ, спортистите добиваат услови за пензиско и здравствено осигурување и пензија, приход или плата, ја исправаме децениската неправда кон спортистите. Една од главните мерки во полето на спортот е овозможиме грижа за спортските ветерани. Ги исправаме неправдите кон спортистите. Како ракометар со 20 години ракометна и репрезентативна кариера, немам 1 ден стаж а како мене има многу вакви примери, ние тоа го менуваме, истакна претседателот на Комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски на денешната трибина Агенда Спорт 20-24.

 Мојсовски додаде дека мерката ќе ги вклучи сите спортисти без разлика дали доаѓаат од колективен или индивидуален спорт.

Трибината Агенда Спорт 20-24 е дел од серијалот на повеќе програмски трибини на СДСМ, консултации со стручната јавност, граѓаните, невладините организации, за новата програма на партијата за новиот 4 годишен мандат.

Треба да знаете
Последни објави