Во сабота во 17 часот во зградата на македонската влада ќе се сретнат лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, јави телевизија Алфа повикувајќи се на извори во двете најголеми македонски партии.
Според тие информации, истиот ден, но во 19.30 часот, се очекува средба на Мицкоски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за што не се посочува локација. Тема на двете средби се деталите за формирањето на техничката влада.
Се очекува Заев до 3 јануари да се повлече од премиерското место и тогаш да биде избрана техничката влада што ќе има мандат до изборите на 12 април Органите на СДСМ в петок се очекува да ги донесат одлуките за тоа кој ќе биде технички премиер и за попопнување на позициите дополнителен заменик-министер со право на вето во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика.