Клиперс поуспешни од Лејкерс во градското дерби на Лос Анџелес

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го совладаа градскиот ривал Лос Анџелес лејкерс со 111:106 во натпреварот одигран ноќеска. До триумфот Клиперс дојдоа по резултатски пресврт во второто полувреме, откако првото Лејкерс го доби со 12 поени разлика (63:51).

Најдобар играч во победничката екипа беше Кавај Ленард со 35 поени, 12 скока и пет асистенции.

Во поразениот тим се истакнаа Кајл Кузма со 25 и Ентони Дејвис со 24 поени.

И покрај поразот Лејкерс се први во поредокот на Западната конференција со 24-7 (победи-порази), додека на Исток лидер е Милвоки со биланс 27-5.

Њу Орлеанс во Колорадо го победи Денвер со 112:100 и така им ја прекина низата од седум победи. Брендон Инграм ги предводеше гостите од Луизијана до триумфот со 31 поен и 7 скокови, а го следеше Џру Холдеј со 20 поени и 8 асистенвции. На домаќините не им помогна и дабл-дабл учинокот на Никола Јокиќ (23 поени, 10 скокови и 4 асистенции).

Нагетси сега се на скор од 21-9, додека Њу Орлеанс е во долниот дел од табелата со 9-23.

Голден Стејт кој оваа сезона е далеку од играта во минатите неколку сезони кога доминираше во НБА лигата изненади и го победи Хјустон на свој терен со 116:104.

Вориорси до победи против фаворизираниот ривал стигнаа со фантастична игра во финишот од натпреварот. Од резултат 97:96 за Хјустон домаќинот направи серија од 19:2 и на крајот забележа триумф.

Во победничкиот тим доминираше Демион Лисо 22 поени и 15 скокови, а дабл-дабл оствари Дрејмод Гринсо 19 поени и 11 скока. Дианџело Расело придонесе во победата со 20 поени. Кај Хјустон Вестбрук постигна 30 поени и запиша 12 скока, додекаХардензастана на 24 поени и 11 асистенции.

Голден Стејт сезонава има очаен скор од 8-24, додека Хјустон е на 21-10

Треба да знаете
Последни објави