Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа соопшти дека за него и неговата партија преговорите со Самоопределување не се пропаднати, како што наведе Албин Курти.
Тој на Фејсбук напиша дека преговорите со Самоопределување не биле лесни и дека партнерот на масата, во некои случаи, ги игнорирал правилата кои биле договорени.
„За ДСК и за мене преговорите не пропаднаа. Стратегијата на Самоопределување во јавноста да обезбеди епитет на страна која во преговорите е принципиелна и великодушна, не успеаја“, наведе Мустафа и додаде: „Самоопределување навести дека е подготвено да се заложи за поддршка на кандидатот на ДСК за претседател на земјата, но и дека ќе бара поголоемо учество во владата. Ова не е принцип, туку обид да се добие повеќе“.