Адвокатите на обвинетите во „Титаник “ бараат разрешување на поротничката

Се уште незапочнато, судењето за „Титаник“ е закочено, а повторно поради судијата поротник чиј мандат е истечен, но тоа не е констатирано од Судскиот совет, објави „А1он“.

Адвокатот Дончо Наков веднаш откако се утврди кои се е присутен во судницата, побара да се реши ова прашање.

Судијата Осман Шабани му предочи на адвокатот дека бил телефонски известен од страна на Судскиот совет дека на вчерашната седница судијката-поротник Лилјана Ивановска-Кочковска не била разрешена од функцијата, односно дека не е отпочната постапката, што значи дека нема пречки рочиштето да се одржи.

Случајот го отвори СЈО, за потоа да го преземе државното Јавно обвинителство, а случајот повторно беше распределен кај јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Треба да знаете
Последни објави