Алесандра Амброзио зашеметува во црвено

Бразилската убавица изгледаше свечено и празнично на божикна вечера со семејството во средата.

Алесандра Амброзио заблеска во црвено на семејна вечера со своите деца во историскиот луксузен хотел „Каза Дел Мар“ во Санта Моника.

Таа успеа да ги израдува своите следбеници на Инстаграм откако сподели неколку фотографии од нејзините деца Ања (11) и Ноа (7) за време на семејната вечера.

Сите очи беа вперени кон Амброзио откако излезе од свото возило и се упати кон хотелот облечена во црвена блуза и сукња во истата боја со шлиц над целата нога.

Але, како што ја нарекуваат фановите, изгледот го комплетираше со Шанел чанта, ултрашик чизми до колена, златен часовник, дебел златен ланец и темни очила за сонце.

Таа исто така сподели и две фотографии со синот Ноа и неколку други со ќерката Ања.

Бразилскиот модел објави и „инстаграм-стори“ каде што се заедно со својот дечко Николо Оди.

 

Треба да знаете
Последни објави