(Видео) Путин се пожали дека малку спие

На паузата од натпреварот „Ноќна хокејашка лига“ на Црвениот плоштад во Москва, претседателот Владимир Путин изјави дека спие малку во последно време – само четири до пет часа.

Телевизијата „Русија 24“ прикажа снимка од Путин како разговараше со бизнисменот Генадиј Тимченко. Бизнисменот му рекол на претседателот дека многу се заморува на работа.

„Сепак, треба да се најде време за тренинг“, кажал Тимченко.

Путин му одговорил дека и тој е ненаспан во последно време.

„Спијам малку – четири до пет часа“, рекол претседателот.

Треба да знаете
Последни објави