Лавини ги погодија австриските и швајцарските скијалишта, луѓето затрупани, потрагата е во тек

Преземена е голема акција за пребарување на повеќе исчезнати скијачи, откако четири лавини ги погодија скијалиштата во Австрија и Швајцарија.

Според „Скај њуз“, австрискиот ски-центар Ангокел бил погоден од три лавини, додека швајцарскиот Андермат бил погоден од една.

Две полесно повредени лица се спасени во Андермат, но се претпоставува дека се затрупани повеќе лица, а операцијата за пребарување и спасување е во тек. Според сведоците, неколку лица биле затрупани со снег, изјави портпаролот на локалната полиција Рето Фистер.

„Лавината беше со значителни размери“, додаде тој.

Видеоснимката од сведок објавена на blick.ch покажува како лавината ја покрила скијачката патека на која имало неколку скијачи.

Три лавини исто така го погодија Анкогел, ски-центарот во австриската Корушка, соопшти таму портпаролот на полицијата. една лавина се случила вон скијалиштето и затрупала две лица кои се спуштале по патеката, пренесува „Ројтерс“.

На терен има повеќе од 60 спасувачи, хеликоптери и кучиња. Портпаролот истакна дека сè уште е рано да се зборува за можни жртви.

Треба да знаете
Последни објави