Партиите се договориле во Собранието да се гласаат 40 законски решенија

Одржувањето на предвремените избори најавени за 12 април идната година е реалност откако партиите од власта и опозицијата се договориле да ги гласаат законските решенија во Собранието што ги побара како предуслов премиерот Зоран Заев да поднесе оставка на 3 јануари. Заев деновиве поради обидите за блокада на работата во Собранието порача дека нема да поднесе оставка и да го отвори патот кон изборите.

Собранискиот спикер Талат Џафери потврди во пресрет на утрешната собраниска седница дека договор има меѓу власта и опозицијата за 40 законски решенија, главно од социјалната сфера и администрацијата, како што е покачувањерто на пензиите, платите на административците… Законите ќе бидат ставени на гласање на утрешната седница.

Џафери уште еднаш потврди дека нема да може да се пролонгираат изборите ако на 3 јануари се избере техничката влада. И власта и опозицијата потврдуваат дека подготовките за техничка влада се во полн ек. За в сабота се најавени лидерските средби меѓу Заев, Мицкоски и Ахмети на кои ќе треба да се утврдат и кадровските промени за техничката влада според пржинскиот договор.

СДСМ за утревечер најавува одржување на седница на Централниот одбор на кој се очекува да му биде дадена поддршка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде предлог за технички премиер, а и да се прецизираат имињата на дополнилтените заменици министри. Кадрите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ особено за министерските позиции во МВР и Труд и социјална политика, се чуваат во строга тајна.

Треба да знаете
Последни објави