Путин и Конте разговарале за мирно решение на либиската криза

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со италијанскиот премиер Џузепе Конте за мирно решение на либиската криза. Тие разговарале за ситуацијата во Либија и двете страни ја истакнале потребата мирно да се реши кризата, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин и Конте разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за билатерални прашања.

Тие ја потврдиле меѓусебната посветеност за развој на руско-италијанската соработка, додаде Кремљ

Треба да знаете
Последни објави