Македонија не го реши вториот тест со Куват (22:23) одигран на неутрален терен во Инџија, соседна Србуја. Според извештаите од овој натпреавр се играло доста грубо, па избегната е потежок индицент. Натпреаврот сепак е доигран до крајот, но тројца македонски ракометари се здобиле со повреди кои може да ги одстранат од тимот кој ќе настапува на „Трофеј Карпати“ во Романија, каде утре заминува макеоднската експедиција.
По еден груб старт над Марио Танкоски на десетина минути пред крајот на натпреварот, можело да дојде до голема тепачка меѓу сите ракометари на теренот, но официјалните лица брзо реагирале и спречиле поголем инцидент. Грубите стартови на противникот се причина со повреди да завршат македонските репрезентативци Танкоски, Костески и Мишевски.