Шпанецот го казни голгетерот минатата недела поради недисциплина и беше изоставен од составот за натпреварот со Саутемптон. Габонецот нема да игра ниту против Лидс јунајтед овој викенд, бидејќи неговата суспензија останува на сила.
„Тој (Обамејанг) не е во конкуренција за настап против Лидс“, изјави Артета.
Арсенал не објави официјално зошто е суспендиран Обамејанг, освен дека го прекршил дисциплинскиот правилник на клубот. Според шпекулациите тој без дозвола заминал во Барселона со приватен авион за да се тетовира. Кога се вратил во Лондон, задоцнил за последниот тренинг пред мечот со Саутемптон па Артета веднаш го избрка од тимот.
Одземена му е и капитенската лента, која привремено ја носи Александер Лаказет.