Грчки клуб со интерес за македонскиот репрезентативец Велковски

Како што пренесуваат грчките медиуми, Дарко Велковски е еден од централните дефанзивци кои ќе ги следи АЕК во зимскиот период, но и следното лето.

АЕК, моментно второпласиран во најсилниот грчки шампионат, е во потрага по нови засилувања.

Велковски моментно е член на хрватскиот клуб Риека со кој има важечки договор до 15 јуни 2022 година.

Настапуваше со А селекцијата на Европското првенство, а во својата клупска кариера играше уште за Работнички и Вардар.

Сезонава во најсилното хрватско првенство нашиот играч за Риека досега запиша 15 настапи и еден погодок во ремито со Динамо Загреб.

Треба да знаете
Последни објави