Седумнаесет опозициски пратеници се упасени по инцидентот во црногорското Собрание

Во црногорскиот парламент синоќа се случи инцидент поради гласањето на амандманите на опозицијата на предложените Закони за слобода на вероисповед. Опозициските пратеници сметаат дека законското решение било насочен против Српската православна црква. Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа веднаш по инцидентот . Пратеникот Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници се добро.

Откако во Собранието избил инцидентот, црногорскиот премиер Душко Марковиќ избегал од салата, пренесуваат тамошните медиуми. Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза.

https://www.facebook.com/marina.jocic.92/videos/2990353390989057/?t=5

Опозициската пратеничка, Марина Јочиќ, го сними почетокот на инцидентот во црногорскиот Парламент. По овој инцидент, Јочиќ повика народот да излезе на улица. Пратениците на опозицискиот фронт во Црна Гора, предводени од Андрија Мандиќ, предизвикаа инцидент во црногорскиот Парламент.

Тие се обидуваат на ској начин да го спречат носењето на Законот за верски слободи, со кој, покрај другото, црногорската држава ќе стане сопственик на верските објекти за кои верските заедници нема да може да докажат сопственост.

Такви објекти во Црна Гора има најмногу на Српска православна црква. Инаку, рано утринава Собранието го усвои Законот за слобода на вероисповедта.

За предлог законот гласаа 45 пратеници, додека немаше гласови против или воздржани. Претходно беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт (ДФ).

 

Треба да знаете
Последни објави