Кочанец загина, паднал поправајќи го кровот на куќата

На 26.12.2019 во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Ј.А.(63) од Кочани, при изведување градежни работи на кровот од неговата семејна куќа на  ул.„Ѓорче Петров” во Кочани, паднал и починал.

Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани.

Треба да знаете
Последни објави