Исламската држава уби 11 заложници на католичкиот Божик

Терористите на Исламска држава убиле 11 заложници во Нигерија, претежно христијани, на католички Божиќ.

Групата Исламска држава од западноафриканската провинција (ИСВАП) тврди дека ги егзекутирала затворениците за да се одмаздат за смртта на нејзините водачи Абу Бакр ал Багдади и Абул Хасан ал Мухаџир во Ирак и Сирија.

На снимката, објавена во средата, се прикажани 13 заложници за кои се верува дека се 10 христијани и 3 муслимани. Локалните медиуми објавија дека ИСВАП, наводно, поштедил двајца муслимани.

Нивната смрт доаѓа откако беше објавено видео во кое се гледа како заложниците застапувани од Христијанското здружение на Нигерија бараат преговори за нивно ослободување.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изрази сочувство преку неговата портпаролка.

Треба да знаете
Последни објави