Лацио е можна нова дестинација за Енис Барди

Eнис Барди од јануари ќе може да преговара со други клубови, секако ако во меѓувреме не го продолжи договорот со Леванте. Сепак, со оглед на ситуацијата во која е Леванте и интересот за македонскиот репрезентативец продолжување на соработката е малку веројатна

Договорот наБарди истекува наредното лето, а Леванте како што тргнал многу лесно може да испадне од шпанската елита. Во таква ситуација за очекување е Барди да ја промени средината затоа што интерес за него има од други екип

Сега шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека италијански Лацио ја разгледува можноста за ангажман на Барди. Покрај Лацио се поврзува Селта.

Во редовите на Леванте Барди пристигна во 2017 година и од тогаш стана странец со најмногу настапи во тимот од Валенсија.

Треба да знаете
Последни објави