Земјотрес од 5,1 степени го погоди Иран

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го потресе јужниот брег на Иран, со епицентар на само 53 километри источно од нуклеарната централа „Бушер“, пренесува РТ цитирајќи го Американскиот геолошки топографски институт.

Релативно плиткиот земјотрес, кој потенцијално може да предизвика значителна штета, го погодил местото во 5.23 часот по локално време. Засега нема извештаи за жртви.

Само минатиот месец, најмалку пет лица загинаа, а десетици беа повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени што ја погоди иранската провинција Источен Азербејџан.

Треба да знаете
Последни објави