Последните информации во шпанските медиуми велат дека прв избор на Чави е голгетерот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани. Уругваецот веќе и добил конкретна понуда од Барселона односно договор на 18 месеци, кој би почнал да важи од 1 јануари.
Во првите шест месеци голгетерот би заработувал 3,5 милиони евра и 1 милион бонуси, додека за следната сезона би добил 4 милиони плата и 1,5 милион бонуси.
Актуелниот договор на Кавани со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2022 година, но англискиот клуб не би му правел проблеми доколку сака да го раскине предвреме со оглед на фактот дека во летото 2020 година тој потпиша како слободен агент.