Градоначалникот Смилевски подели 600 новогодишни пакетчиња на сите првачиња во Бутел

Денеска градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски по повод новогодишните празници подели 600 новогодишни пакетчиња на сите ученици од прво одделение од основните училишта во Бутел. Настанот се одржа во спортската сала Антон Димитров каде и се одржа детската новогодишна претстава “Двете црвенкапи и волкот”.
Во своето обраќање градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави дечињата  и им порача оваа година да бидат послушни, да учат и да ги слушаат родителите и наставниците. Им посака СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И ДЕДО МРАЗ ДА ИМ ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ ЖЕЛБИ И ДА ИМ ГИ ИСПОРАЧА СИТЕ ПОДРОЦИ КОИ ГИ ЗАМИСЛИЛЕ.
Инаку, Општина Бутел секоја година традиционално дели пакетчиња за првачињата од сите основни училишта на територија на Општина Бутел, НО воедно ги посетува и Заводот за рехабилитација, Домот за деца 25 Мај кој сега се префрли во малите домови, потоа посебното училиште ИДНИНА, СОС Детското село и многу други семејста од социјално ранлива категорија.
Треба да знаете
Последни објави