Новогодишен хепенинг во Општина Бутел

Општина Бутел на 30.12.2019 г. (понеделник) со почеток во 11,00 ч. на паркингот пред Општината ќе организира новогодишен хепенинг.

По настапот на учениците од основните училишта свое обраќање ќе има градоначалникот Велимир Смилевски.

Сите заедно ќе го пречекаат Дедо Мраз кој преку Лапонија пристигна во Македонија.

Инаку, на новогодишниот хепенинг ќе настапат и естрадните изведувачи: Силви Бенд, Виолета Томовска, Круме Спасовски, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Акустико Бенд, Роки и пријателите и др.

 

 

Треба да знаете
Последни објави