Ливерпул со пресврт до победа над Њукасл, Челси киксна против Евертон

Фудбалерите на Ливерпул остануваат во „мртва трка“ со Манчестер Сити за врвот од табелата во Премиер лигата, откако вечерва, со пресврт, го совладаа тимот на Њукасл (3-1), кој, пак, не успеа да дојде до некој бод кој би бил злато вреден во битката за опстанок.

Гостите поведоа со голот на Шелви по само седум минути од мечот, а Диого Жота изедначи во 21. минута со релативно контроверзен погодок, во моменти кога противнички играч повреден лежеше во шеснаесетникот. Четири минути подоцна водство донесе Мо Салах, а Александер-Арнолд го потврди триумфот на три минути пред крајот.

Екипата на Челси, пак, заостана неколку чекори зад водечкиот двоец по киксот на домашен терен со Евертон (1-1).
Томас Тухел остана без Ромелу Лукаку, Тимо Вернер, Хадсон Одои и Бен Чилвел непосредно пред мечот, а нивните позитивни тестови на Ковид 19 сепак на крајот негативно влијаеа врз тимот на германскиот стручњак.

Маунт дури во 70. минута донесе водство за синоте, но само четири минути подоцна Брантвеит изедначи.

Ливерпул сега има 40 бодови, еден помалку од Сити, додека Челси застана на 37.

Треба да знаете
Последни објави