Разочараниот Хамилтон заминува во пензија?

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, толку е разочаран со расплетот на последната трка во сезоната, поради што размислува за заминување во пензија, порача првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

Волф истакна дека целиот тим на Мерцедес, е разочаран со случувањата во Абу Даби каде Макс Верстапен со победата ја освои титулата.

-Луис никогаш нема да помине преку последната трка. Не можам да ви гарантирам дека ќе продолжи да вози во Формула 1, изјави Волф.

Мерцедес се откажа од идејата да ја тужи ФИА на меѓународен суд и да се обиде на „зелена маса“ да ја донесе титулата за Хамилтон, но британскиот возач инсистирал да нема судска постапка.

На трката во Абу Даби, Хамилтон беше во водство во текот на целата трка, но во последниот круг ја загуби челната позиција. Во последниот круг, по заминувањето на безбедносното возило од патеката, Верстапен го помина Хамилтон и на крајот славеше, што значеше и шампионска титула.

Сепак, Волф денеска потврдил дека тој и Хамилтон нема да бидат присутни на гала-церемонијата на ФИА во Париз на која Верстапен ќе ја добие титулата.

Треба да знаете
Последни објави