Македонија со Бугарија, Грузија и Гибралтар во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар во третото издание на Лигата на нации, беше решено на ждрепката во Нион.

Според противниците, Македонија има шанси да се бори за првото место, а се очекува дека главен ривал ќе ни биде источниот сосед, Бугарија.

Лигата на нации ќе стартува во јуни 2022 година и ќе се игра до јуни 2023 година. Победникот во групата ќе се избори за место во Б сегментот додека најслабопласираниот може да испадне во Д сегментот кој е најслаб по ранг.

Во Ц сегментот извлечени се следните групи:

Група 1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски острови.

Група 2: Северна Ирска, Грција, Косово, Кипар или Естонија (победникот).

Група 3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан или Молдавија (победникот).

Група 4: Бугарија, Македонија, Грузија, Гибралтар.

Во Д сегментот според извлечената ждрепка ќе играат:

Група 1: Летонија, Андора, Казахстан или Молдавија (поразениот тим), Лихтенштајн.

Група 2: Сан Марино, Кипар или Естонија (поразениот тим), Малта.

Треба да знаете
Последни објави