Почна средбата Заев-Мицкоски

Во Владата почна средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски околу предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за технички минитри во „пржинката влада“.

Неофицијално, Драган Ковачки, полковник во АМР, со долгогодишно искуство во безбедносната сфера и обуки од и за НАТО алијансата е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, објавија медиумите по средбата Мицкоски-Ахмети.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прифати предлогот на Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада која треба да биде избрана на 3 јануари.

Без да откријат име Ахмети и Мицкоски потенцираат дека се работи за професионалец со богато искуство во ресорот, но како што нагласи Ахмети тој досега не бил дел од политичкиот и јавниот живот.

 

https://youtu.be/KTHtF7LHdgE

Треба да знаете
Последни објави