Постариот Елмас порача дека син му е среќен во Наполи и сака да му помогне на тимот да се избори за топ-4 и пласман во Лигата на шампиони.
-Елиф пристигна во Наполи за да му помогне на тимот да расте уште повеќе и да освојува трофеи. Но, исто така лична цел му е да стане подобар фудбалер. Досега беше тешка сезоната, но Наполи е одличен клуб и има голем квалитет и искуство. Елмас е среќен во Наполи и ќе се обиде да му помогне на тимот да се изборат за топ-4“, порачаа неговиот татко и агент.